Актерките кои играат во серијата „Сексот и градот“ им дадоа поддршка на двете жени кои го обвинија нивниот колега Крис Нот за сексуален напад.
Сара Џесика Паркер (Кери Бредшо), Синтија Никсон (Миранда) и Кристин Дејвис (Шарлот) изјавија дека се многу тажни поради обвинувањата.
„Ги поддржуваме жените кои се огласија и го споделија болното искуство“, се вели во заедничката изјава.
Нот ги отфрли обвинувањата, велејќи дека тие се лажни.
Актерот кој го играше „Ѕверката“ во популарната серија и е вљубен во Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), изјави дека врската со двете жени била со согласност.
Меѓутоа, откако минатата недела беа објавени обвинувањата во „Холивуд Репортер“, неколку негови договори беа раскинати.
Четири дена откако жените тврдеа дека тој ги силувал, американската ТВ мрежа CBS и Universal Television потврдија дека Нот бил отпуштен од серијата „Righteous“.
Paloton, бренд кој продава фитнес и опрема за вежбање, исто така го исклучи Нот од огласот што го објавија минатата недела.
Актерките објавија изјава на социјалните мрежи по новата епизода од серијата „Сексот и градот“ во која не се појавува Крис Нот.
Две жени го обвинија Нот за сексуален напад и дека новата сезона од серијата во која тој игра ги поттикнала да настапат.
Зои имала 22 години кога актерот наводно ја силувал во стан во Западен Холивуд во 2004 година.
Лили, која сега има 31 година, била силувана во Гринич Вилиџ во неговиот стан во Њујорк во 2015 година, кога тој имал 60, а таа 25.
Текстот го напишала новинарката Ким Мастерс, која го интервјуирала и тогашниот шеф на Зои, луѓе од Центарот за закрепнување од сексуален напад и пријателка на Лили.
Сите ги поддржаа изјавите на двете жени кои тврдат дека актерот ги силувал.
Во текстот се наведува и пораката испратена од Нот до Лили, ден по наводниот напад.
„Обвинувањата против мене кои ми ги упатуваа жените, кои ги запознав пред неколку години, дури и деценија, се лажни. Ова можеше да се случи пред 30 години или пред 30 дена – не секогаш значи не – тоа е линија што не сум ја преминал. Односите беа со согласност. Тешко е да не се доведе во прашање времето кога се појавија овие приказни. Не знам со сигурност зошто се појавуваат сега, но го знам ова: не ги нападнав тие жени“, изјави актерот.
Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека никогаш не спровела истрага бидејќи немало официјални извештаи.
Покрај улогата во сериите „Сексот и градот“, Нот е познат и по улогите во сериите „Закон и ред“ и „Добрата жена“.
Од 2012 година е во брак со актерката Тара Вилсон, со која има две деца.