Зврлевски свика итен состанок со обвинителите?

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Јавниот обвинител Марко Зврлевски за денеска свикал итен состанок со вишите обвинители и со јавните обвинители, објави А1 он.

ZVRLE

Според информациите на порталот, најверојатно на средбата ќе биде договорено во провладините медиуми уште пожестоко да се нападне специјалната обвинителка Катица Јанева, за нејзиното наводно финансиско мегаломанство.

Не е исклучено состанок да е свикан по денешната порака која беше пратена преку  заедничкото соопштение на амбасадата на САД и ЕУ – Советот на јавни обвинители да го именува тимот на Јанева за да може нејзиното обвинителство да почне да го извршува својот мандат и своите задачи независно и без да трпи каков било облик на политички притисок.