Зврлевски во Топ Тема: Не не фрустрира Јанева, не ставаме под тепих и за се имаме законско покритие

од Vladimir Zorba
118 прегледи

„Се се испитува и се  се проверува , ако има докази се постапува , и се е според законот, ако нема ништо“ , отприлика  такви беа сите одговори на државниот обвинител  Марко Зврпевски кој вечерва одговараше на прашањата во топ тема на Телма.

Тој сепак нагласи дека тие ја разгледуваат законитоста  и поставената на специјалната улога на колечката  обвинителка Јанева , за која пред неколку дена рече дека тоа за разлика од него е политичко обвинителство. Зврлевски порача и дека ако се утврди незаконитост  ќе има иницијатива за испитување на уставноста на законот и работата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

zvrlevski_0

Не е суета и нема побуна против Јанева, и не се плашам дека може да бидам загорозен за  мое непостапување за било што, реакцијата е за третманот кон обвинителството со кадар и услови кој подолго време го бараме, до сега, и одеднаш некој добива спец третман. Ние немам ништо против Јанева , туку  само бараме ист третман, вели Зврлевски.

 Сепак тој не крие дека  не прифаќа дека може да има друго тело,  вон неговото обвинителство кое е единствено легитимно согласно законот и Уставот,  ќе бараат уставност, притоа не коментирајќи дали специјалната обвинителска е незаконски ако едногласно е избрана од македонскиот парламент.

Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, во вечерашната Топ Тема  за Телма изјави дека не го допираат ни повредуваат гласовите дека е потрчко на власта и заштитник на политичките елити во владата.

Тој порача дека во обвинителството ништо не е ставено под тепих и се постапува по предметите кои произлегле од објавените бомби, во согласност со законите и уставот на Р.М.