208
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска изјави дека му е драго што победил на Австралија опен и истакна дека го простил она што му се случи минатата година во оваа земја.
Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен, откако во финалето го совлада Циципас со 6:3, 7:6 (7:4), 7:6 (7:5).
Српскиот тенисер со триумфот во Мелбурн стигна до 22. Грен слем трофеј и го израмни рекордот на Шпанецот Рафаел Надал.
Ѓоковиќ минатата година не играше во Мелбурн, бидејќи беше депортиран од Австралија.