Ѕвездата на „Сексот и градот“ се лечела од алкохолизам, посвоила деца и не сакала да се мажи

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Кристин Ланден Дејвис се прослави со улогата на Шарлот Голденблат во серијата „Сексот и градот“.

Во својата кариера, Кристин доби номинации за Еми и Златен глобус во 2004 година за улогата на Шарлот, и ја повтори улогата во „Сексот и градот“ во 2008 година и „Сексот и градот 2“ во 2010 година, како и во продолжението „And just like that“ што популарните дами од Њујорк го снимија минатата година, додека следната сезона се очекува во 2023 година.

Сепак, пред оваа улога која ѝ донесе најголемо признание, Дејвис постигна забележителен успех во Холивуд во 1995 година кога ја доби улогата на Брук Армстронг во култната серија „Melrose Place“. По неколку успешни настапи во филмови во споредни улоги, Кристин го имаше своето деби на Бродвеј. Уште на деветгодишна возраст сфатила дека сака да глуми кога играла во претставата „Снежана и седумте џуџиња“.

Кога станува збор за приватниот живот на популарната актерка, познато е дека нејзините родители се развеле кога таа била бебе. Нејзиниот очув, професорот Кит Дејвис, ја посвоил откако се оженил со нејзината мајка Дороти во 1968 година.

Кристин никогаш не се омажила, а пред десет години решила да го прошири семејството, па решила да посвои деца. Таа ја посвои ќерката Џема Роуз Дејвис во 2011 година, а во 2018 година го посвои синот Вилсон.

Популарната актерка се лекувала од алкохолизам, а во едно интервју објаснила како рано ја запознале со алкохолот во местото каде што пораснала.

„Алкохолот ме ослободи. Бев навистина срамежлива и не знаев како да излезам од мојата школка. Пиев од истата причина поради која сакав да глумам. Сакав да ги чувствувам работите и да се изразам и да бидам слободна. А јас природно не сум таква“, раскажала Кристин.

Таа денес живее сама со своите деца во Калифорнија и го снима продолжението на серијата „And just like that“ со нејзините добро познати колешки Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон.

Слични содржини