Јолевски: Вишото обвинителство треба да ги зачести контролите врз основните обвинители

од Stefanija Kuzmanovska
339 прегледи

Антонио Јолевски, претседателот на Советот на јавни обвинители, во емисијата „24 анализа“ изјави дека во петок ќе има продолжение на собраниската седница за избор на јавен обвинител и ќе побараат од самото Собрание да се помести и да се усогласат за да се одржи седницата.

„И онака сме на граница на кворумот со осум членови со јавниот обвинител. Не знам зошто се повлекоа Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми. Повлекувањето на Фетаи беше по нејзина одлука. Ние имавме и забелешки за Вишото обвинителство. Во овие две години како член и една година како претседател не сум добил податок во кое обвинителство кој кадар е предвиден. Го знаеме извештајот и тој се однесува и за основните обвинителства. Забелешките беа дека вишото обвинителство треба да ги зачести контролите врз основните обвинители“, рече Јолевски.

Слични содржини