Јотова: Македонија треба да заземе цврст став против говорот на омраза кон Бугарите

од Nikola Popovski
189 прегледи

Со своите постапки Република Северна Македонија практично го блокираше нејзиниот процес за влез во Европската Унија. Ова го изјавила синоќа бугарската потпретседателка Илијана Јотова за „Bg on air“.

Таа била категорична дека Бугарија ќе застане зад секој граѓанин со бугарска самосвест.

„Нападите врз бугарските клубови во Охрид и Битола, бруталното претепување на Христијан Пендиков и со своето непостапување во однос на антибугарските настани, самата Република Северна Македонија го блокира процесот за влез во ЕУ“, рекла Јотова.

„Бугарија ќе го стави под лупа секое дејствување и акција поврзани со говорот на омразата. За жал денеска можеме да кажеме дека без разлика на толеранцијата со која го прифативме францускиот предлог, нема напредок ниту во работата на Мешовитата историска комисија. Особено по последната промена во процедурите за членство во ЕУ, Бугарија во секој момент може да го запре овој процес и ако продолжиме вака – не сум оптимистка“, додала Јотова.

Потпретседателката на на Бугарија смета дека Македонија треба да заземе цврст став против говорот на омраза.

„Не гледаме ниту навестување, ниту прекор до оние, особено медиумите, во Македонија кои одамна ги преминаа границите на слободата на говорот и водат исклучително тешка бугарофобична кампања. Вакви пораки не слушаме од властите во земјата. Тогаш како да се чувствуваме и да веруваме дека го осудуваат тоа што се случува во Македонија во однос на тамошните Бугари“, прашала таа.

Јотова нагласи ладека преговорите ќе се одвиваат под јасни услови, меѓу кои и почитување на Договорот за добрососедство и почитување на правата на Бугарите во Македонија и нивно вклучување во Уставот.

Слични содржини