„Ќе има крв до лакти“: Дојави за 50 бомби на 12 локации во Белград

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Нови застрашувачки дојави за поставени бомби на 12 локации ширум Белград.

Во заканувачка порака, која пристигнала на адресите на неколку белградски редакции, се употребуваат навредливи зборови кон новинарите, но и кон државниот врв на Србија.

Девет бомби во Студентскиот дом на булеварот Краљ Александар, една во Амбасадата на Белорусија (Делиградска 13), 17 бомби во Трговскиот центар Ушче на булеварот Михајло Пупин, две бомби во КФЦ на Студентскиот плоштад, девет на аеродромот Никола Тесла (од кои четири на паркингот под цивилни автомобили), шест бомби во ТЦ Делта Сити на улица Јури Гагарина, една бомба на Филозофскиот факултет на вториот кат, четири бомби во зградата на Ректоратот, две во Универзитетот за уметности во Косанчиќево Венац 29, три во Земунската болница на Вукова 9, една бомба во обложувалниците Меридијанбет на Гандиева 76а, две во обложувалницата Меридијанбет на Народни Хероја 30.

Заедно со навредите од типот „вие сте тројанскиот коњ на Путин во Европа“, како и заканите, се наведува дека „ќе има крв до лакти“.

Слични содржини