161
На Русија ќе ѝ треба време да ги одмери добрите и лошите страни и да избере одговор на новите санкции за гасот, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Секако, ќе биде потребно време за темелно да се измерат сите добри и лоши страни при изнаоѓање решение. Знаете дека процесот на нафта е малку одолговлечен. Сепак, одговорот на Москва за горната цена на нафтата ќе биде објавен. Истото ќе се случи и со гасот“, истакна Песков , пренесе ТАСС.
Обидите на Западот да наметне горна граница на цените на рускиот гас задираат во пазарните механизми, рече тој.