Џамбаски пред отворањето на клубот „Никола Вапцаров“: „Мицкоски доаѓа во Пиринска Македонија, а сее сепаратизам и омраза“

од Nikola Popovski
336 прегледи

Копретседателот на ВМРО-БНД и бугарски претставник во Европскиот парламент, Ангел Џамбазки, на премиерот на Република Бугарија и на Советот на министри им предочил голем број прашања поврзани со претстојното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Тој побарал одговори на прашањата дали во организацијата на клубот има лица поврзани со организациите ОМО Илинден и ОМО Илинден – Пирин, дали има доставени информации и барање од официјалните власти на Северна Македонија да се отвори културен клуб во Благоевград и како ќе се администрира.

„Неприфатливо е да се отвори клуб во срцето на Пиринска Македонија. Потсетувам дека против се изјасни и Советот на општина Благоевград, кој донесе декларација на оваа тема“, пишува копретседателот на ВМРО-БНД во писмото упатено до техничкиот премиер на Бугарија, Галаб Донев.

Џамбаски потсетува дека еден од гостите на отворањето во Благоевград се очекува да биде лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој според европратеникот, „е гласноговорник на дивиот, антибугарски македонизам“.

„Неприфатливо е лице кое користи јазик на омраза против Бугарија и Бугарите, лице кое Договорот за добрососедство го нарекува „отровен плод“ и го негира постоењето на бугарска заедница во Северна Македонија и е против нејзино вклучување во Статутот како рамноправен дел, да доаѓа во Пиринска Македонија и да сее сепаратизам и омраза. На неговите антибугарски манифестации може да се додаде и поддршката за сторителот на палењето на бугарскиот културен клуб Иван Михаилов во Битола, како и за многу други“, додава Џамбаски.

Слични содржини