Бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски присуствуваше денеска во центарот на Скопје, на чествувањето на 95-годишнината од смртта на македонската револуционерката Мара Бунева, при што беше положено цвеќе на нејзината спомен-плоча на кејот на Вардар.
Џамбаски со мегафон се обрати пред стотина поддржувачи на делото на Бунева, кои дошле да оддадат почит.
-Тука сум да ги поддржам Бугарите. Нема да ги оставам да продолжи политиката на геноцид, наложена од Комитерната. Нема да дозволам продолжување денационализација на Бугарите во Република Северна Македонија, рече меѓу другото Џамбаски во својот говор, што е само дел од неговите константни провокации кон македонската држава.
Претходно била организирана и панихида во црквата Св. Димитрија, по што дел од Бугарите од Македонија, но и пристигнатите бугарски државјани се упатиле кон кејот на Вардар.