⚽Познати двојките од осминафиналето на Европското првенство

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Само три пара од осминафиналето на ЕП беа познати пред натпреварите во последната, група Ф.

Откако Грузија направи сензација, го совлада поранешниот европски првак Португалија и на дебито се пласираше во втората фаза, а Турција го обезбеди пласманот против Чешка, комплетирани се сите парови од првата нокаут фаза.

Ова се натпреварите кои не очекуваат на 29 и 30 јуни, односно на 1 и 2 јули:

Најдобриот од мечот меѓу Германија и Данска во четвртфиналето ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Шпанија и Грузија.

На иста страна од „костурот“ се Французите и Португалците – би се сретнале во четврт-финалето доколку ги победат Белгија и Словенија.

На другата страна се двојките Холандија – Романија и Австрија – Чешка (победниците играат во четврт-финалето), односно Англија – Словачка и Швајцарија – Италија.

Слични содржини