🎥 Арсовска доби закани по животот и најави кривична пријава: „Никој не се плаши, но институциите мора да постапат“

од Марта Пешевска
176 прегледи

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека добила закани по својот живот и безбедноста на семејството од лицето Ќамил Османовиќ и неговите соработници. Таа најави дека ќе поднесе кривична пријава против нив и дека пријавата ќе ја достави до надлежните институции, вклучувајќи го Министерството за внатрешни работи. Арсовска порача дека никој не се плаши од заканите, но ги повика институциите итно да реагираат, нагласувајќи дека непостапувањето создава чувство на недопирливост пред законот.

Во меѓувреме, градоначалничката обвини дека фирмата „Прогрес Компани“ од Долно Коњари, управувана од браќата Ќазим и Ќамил Османовиќ, нелегално експлоатира корито на реката Вардар во општина Аеродром, без никакви дозволи, лиценци и елаборати, што претставува сериозна закана за природата и здравјето на граѓаните.

За случајот се известени и министрите за внатрешни работи и за животна средина.

„Почитуван Министер Тошкоски, ова сметајте го и за пријава против лицето Ќамил Османовиќ и неговите соработници кои упатија пред сведоци закани по мојот живот и по животот на моето семејство, за што и формално ќе поднесам пријава до вас“, рече Арсовска. Градоначалничката ја опиша состојбата на терен како „како во прашумите на Амазон, но во Скопје“ и ги повика институциите да постапат веднаш за да се спречи загадувањето и да се заштити животната средина и безбедноста на граѓаните.

Слични содржини