🎥 Бернабеу во транс: Ѓоковиќ скокна по голот на Валверде!

од Љубиша Владимиров
68 прегледи

Реал Мадрид остана во трката за шампионската титула во Шпанија, откако со голот на Феде Валверде во третата минута од судиското надополнување го совлада Атлетик Билбао со 1-0. Новак Ѓоковиќ го следеше натпреварот од 32. коло во шпанското првенство од трибините на „Сантијаго Бернабеу“. За многумина најдобриот тенисер на сите времиња беше таму во друштво на пријателите и семејството, а камерите ја снимија нивната реакција на спектакуларниот гол на Валверде, кој му донесе три бода на Реал. Видеото може да го погледнете ТУКА. Реал Мадрид објави и видео на кое се гледа како Ѓоковиќ се дружи и фотографира со играчите на клубот.

Меѓу нив беше и капитенот Лука Модриќ, кој размени неколку зборови со одличниот тенисер. Мадридскиот гигант му подари дрес со неговото презиме и број 1, а Ѓоковиќ се фотографираше и со претседателот на клубот, Флорентино Перез.

 

Слични содржини