Лука Дончиќ беше емотивен откако Далас се пласираше во финалето на Западот откако во шестиот меч ја совлада Оклахома со 117:116.
Дончиќ беше најдобар играч на тимот со 29 поени, 10 скока и 10 асистенции, а помогна и Кајри Ирвинг со своите 22 поени.
Како Бетмен и Робин, Лука и Кајри, беа присутни во текот на плејофот и со своите соиграчи прават навистина одличен тим.
Колку сето тоа му значи на Словенецот покажа по натпреварот во емотивната прегратка со Кајри.
Далас се уште не го знае противникот во финалето, бидејќи Денвер и Минесота ќе го одиграат седмиот натпревар ноќта меѓу недела и понеделник.
Ова е втор пат за само три години Далас да се пласира во конференциското финале, а нема дилема дека Дончиќ ќе го бара својот прв настап во финалето на НБА.
Luka Doncic and Kyrie Irving shared a wholesome moment after advancing to the next round ❤️
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) May 19, 2024