🎥 Голeма драма на „Камп Ноу“ – Барселона и Интер во спектакуларно реми (3:3)

од Марта Пешевска
66 прегледи

Барселона и Интер одиграа спектакуларен натпревар кој заврши без победник, 3:3, во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. Гостите од Милано поведоа уште во 5. минута преку Маркус Турам, кој мајсторски погоди со пета по нафрлањето на Дензел Дамфрис. Само 16 минути подоцна, Дамфрис се најде на вистинското место и го зголеми водството на 0:2.

Сепак, Барселона брзо се врати во игра. Ламин Јамал во 24. минута намали со прекрасен соло-погодок, а во 38. минута Феран Торес изедначи на 2:2, резултат со кој се замина на полувреме. Во второто полувреме, Дамфрис повторно стрелаше во 64. минута за ново водство на Интер, но само една минута подоцна, Рафиња израмни на 3:3 со удар кој преку пречката и грбот на голманот Зомер заврши во мрежата.

Најголемата шанса за победа ја имаше Ламин Јамал, кој по вторпат ја погоди пречката. Реваншот се игра за седум дена на „Џузепе Меаца“, каде ќе биде одлучен патникот во финалето.

 

Слични содржини