🎥 Интер постави рекорд за најбрз гол во полуфинале на Лигата на шампионите

од desk4
92 прегледи

Интер запиша историја во Лигата на шампионите откако вечерва на гостински терен против Барселона постигна најбрз гол досега во полуфинална фаза на ова елитно европско натпреварување.

Италијанскиот гигант стигна до водство уште во 30-та секунда од натпреварот, благодарение на прецизниот удар на Маркус Турам. Со овој погодок, Турам постави нов рекорд за најбрз гол во полуфинале на ЛШ.

Сепак, најбрзиот гол во историјата на Лигата на шампионите сè уште му припаѓа на поранешниот холандски напаѓач Рој Макај. Тој на 7 март 2007 година, во дресот на Баерн Минхен, успеа да го затресе противничкиот гол по само 10 секунди и 12 стотинки во реванш-дуелот од осминафиналето против Реал Мадрид.

Новата страница во историјата што ја испиша Интер е уште еден доказ за важноста на брзиот старт и решителноста во ваквите големи натпревари.