🎥 Кејт Мидлтон: Природата ми беше засолниште во борбата со ракот

од Љубиша Владимиров
19 прегледи

Војвотката од Велс, Кејт Мидлтон, откри дека токму природата ѝ помогнала да најде сила и утеха во тешките моменти додека се борела со рак. Во својата најнова објава, таа зборува за блиската врска помеѓу човекот и природата и ја најавува својата нова иницијатива инспирирана од личното искуство. На почетокот на 2024 година, Кејт се повлече од јавноста поради здравствени причини, а подоцна беше потврдено дека се бори со рак.

Нејзиното повлекување предизвика големо внимание, а јавноста со нетрпение го очекува нејзиното враќање. Во емотивно видео објавено на социјалните мрежи, Кејт сподели како престојот во природа ѝ помогнал да се справи со болеста. „Во текот на изминатата година, природата беше мое засолниште“, вели таа. „Нејзината способност да нè инспирира, да нè негува и да ни помогне да се лекуваме и растеме е безгранична“.

Кејт најави нов проект во кој преку личната приказна ќе ја истакне важноста на врската помеѓу природата и луѓето. Проектот ќе опфати теми како семејниот живот, годишните времиња и како поврзаноста со природата влијае врз менталното и физичкото здравје.

„Пролетта е време на надеж, обновување и нови почетоци“, изјави таа. Видеото ја прикажува убавината на природата на островот Мал, каде што таа и принцот Вилијам ја прославија 14-годишнината од својот брак.

Кејт отсекогаш била позната по својата креативност – од модниот стил, љубовта кон фотографијата, па сè до тоа што самата ги подготвува тортите за родендените на своите деца. Сега, преку овој проект, таа споделува уште една лична страна и нè потсетува колку природата може да биде лековита во најтешките моменти од животот.

Слични содржини