🎥 Мечка со две мечиња прошета покрај патот Маврово – Дебар, снимката ги разнежни граѓаните

од desk4
88 прегледи

Снимка од мечка со две малечки мечиња како се движат покрај патот Маврово–Дебар предизвика многу симпатии на социјалните мрежи. По кратка прошетка, семејството се повлекло во шумата.

Експертите објаснуваат дека во лето мечките често се приближуваат до луѓето во потрага по храна, привлечени од лесно достапниот отпад. Апелираат да не се запира и приближува, бидејќи мајките-мечки може да бидат опасни ако се почувствуваат загрозени.

Националниот парк „Шар Планина“ побара донации од јаболка и пченка за да се помогне во хранењето на мечките и да се намали нивниот контакт со луѓето.