Англија уште еднаш не славеше, но мина како прва во групата. Играта на Англичаните беше прикажана далеку од онаа што ќе ги натера да се надеваат на трофеј.
Герет Саутгејт повторно немаше решение за победа. На три меча Англија ја совлада само Србија и тоа едвај. Против Данска „извлекоа“ бод, а против Словенците не можеа да го најдат патот до голот.
На крајот од натпреварот цел тим на Англија тргна да ги поздрави навивачите кои не ги пречекаа задоволно.
Неколку празни чаши полетаа кон селекторот на Англија. Одамна е познато дека навивачите на Англија сакаат да го видат грбот на Саутгејт по осум години без резултат, а селекторот на Англија најави дека ќе ја напушти клупата на репрезентацијата доколку не го освојат Европското првенство.
Empty cups thrown at Gareth Southgate as he applauds the England supporters. @TheAthleticFC #ThreeLions pic.twitter.com/rvJhL6t5OL
— Dan Sheldon (@Dan_Sheldon_) June 25, 2024