🎥 Пациент со тешки изгореници се лекува во лоши услови во Кочанската болница

од Љубиша Владимиров
125 прегледи

Дарко Лазев од Кочани, еден од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, се соочува со тешки услови за лекување во болницата во неговиот роден град. По трансплантација на кожа и третман во Белград, Лазев сега продолжува со рехабилитација во Кочани, каде, како што вели за „Скопје 1“, недостига основна медицинска опрема.

„Докторите се одлични, прават сѐ што можат, но условите се на минимум. Нема лепенки, нема завои, нема стегачи – едноставно, немаме ништо. Дури и раните ни ги мијат во обичен умивалник“, раскажува Лазев.

Тој посочува дека дел од потребните материјали ги набавуваат самите доктори, на сопствен трошок.

Слични содржини