🎥 Повредени се двајца пожарникари

од Milan1
22 прегледи

Повредени се двајца вработени од Територијалната противпожарна единица во Штип при вчерашното гаснење на пожарот кај старата штипска депонија меѓу населбите Пребег и Мерите, дополнуваат од Општина Штип.

МИА претходно информираше дека командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Штип Благој Ренџов при вчерашното гаснење на пожарот на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите е повреден, односно при интервенцијата се здобил со скршеници на двете раце.

Синоќа заедно со него во болницата е хоспитализиран уште еден штипски пожарникар, кој бил заедно со командирот на ТППЕ-Штип при гаснењето на пожарот. Двајцата додека го гаселе огнот паднале во дол, по падот командирот на ТППЕ-Штип Ренџов се здобил со скршеници на двете раце, а пожарникарот има скршеница на едната рака.

Во штипска Клиничка болница се хоспитализирани синоќа околу 20.30 часот, а командирот на ТППЕ-Штип е задржан на болничко лекување, откако претходно и бил опериран. Инаку за него пожарникарите велат дека во изминатите речиси две недели заедно со нив ги гаснеше пожарите на планината Серта и во штипскиот и неготинскиот дел, не штедејќи се за да се стават пожарите под контрола на неколку локации.

Слични содржини