Едно лице загина, а седум други се повредени во силна бура што ја погоди американската држава Кентаки. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо за делови од Кентаки, Тенеси, Западна Вирџинија и Вирџинија, само неколку часа откако силна бура ја зафати централната област на Кентаки. Во оваа држава, две или три куќи беа целосно уништени, а соборени дрвја ги блокираа патиштата, отежнувајќи ја евакуацијата и помошта.
Гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, ја откажа својата планирана посета на окрузите Пуласки и Лорел, кои претходно овој месец беа погодени од торнадо. Тој предупреди дека времето е непредвидливо и дека и понатаму се очекуваат силни бури, особено во источниот и југоисточниот дел на државата.
Yet another tornado has struck Kentucky, this time in Washington County. Residents in the area confirm that a Mennonite home was destroyed, shown in the photo. One man was killed, and other children were injured. Other homes were also hit.
Crews & police are working hard to… pic.twitter.com/x80Du38VeN
— CollinsWx 🌪️ (@Collins_Wx) May 30, 2025
Канцеларијата на шерифот преку социјалните мрежи ги замоли граѓаните да останат дома и да им дозволат на службите за итни случаи непречено да ја извршуваат својата работа. Во соседниот Тенеси, неколку лица се повредени во областа Филаделфија, во округот Лаудон, каде силното време предизвика торнадо. Националната метеоролошка служба во Мористаун потврди дека торнадото се движело близу границата меѓу округот Лаудон и округот Монро.
Поради бурата, претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ беше принуден да слета еден час подоцна од планираното. Авионот требаше да слета во 19:50 часот, но заобиколи ја заедничката воена база Ендрус и наместо тоа го обиколи источниот брег на Мериленд и Вирџинија. Националната метеоролошка служба вчера исто така објави дека торнадото кое ја погоди областа близу Атланта во четвртокот попладне имаше максимални ветрови од 217 км/ч.
Couple Drives Into Suspected Tornado! 🌪️😱 A couple unknowingly drove into swirling debris on I-75 in Georgia during a tornado warning. pic.twitter.com/S1XMbsryJe
— AccuWeather (@accuweather) May 30, 2025
Оваа бура сериозно го повреди синот на актерот Треј Чејни, познат по улогата во серијата „Жица“. Торнадото оштети околу десетина домови во населбата Локаст Гроув, која се наоѓа околу 28 милји југоисточно од Атланта. Жителите велат дека не добиле претходно предупредување за торнадото, кое според метеоролозите било предизвикано од грмотевична бура. Торнадото било на земја околу пет минути и патувало 1,8 милји. Ова е трет бран торнада што ја погоди северна Џорџија оваа недела.
Националната метеоролошка служба потврди и три помали торнада северозападно од Атланта во недела, како и уште три торнада западно од градот во вторник.