🎥 Вучиќ објави цртан филм во кој е главниот лик: Вредно работиме и Србија ја градиме

од Илинка Илиоска
21 прегледи

Во светот на српската политика веќе сме навикнати на разни настапи и изјави, но најновиот потег на претседателот на Србија, Александар Вучиќ донесе нешто ново. Имено, Вучиќ на својот Тик Ток профил објави анимирано видео во кое се појавува како познатиот лик од италијанскиот цртан филм „La linea“ – едноставна, бела линија на сина позадина, која обработува секојдневни проблеми и предизвици, пишува Нова.рс и прашува, исто како и секој лидер, зарем не?!

Анимираниот Вучиќ прво го дава упатството: „И сега на работа! Изградете пат брзо! Момци, не можам да летам!“

Цртаниот Вучиќ потоа наидува на дупка на патот. „Зошто е оваа дупка овде? Момци, закрпете ја оваа дупка што побрзо. Среќна работа!“, вели тој.

Потоа бара панда, при што рака го црта животното. „Што е ова, се шегуваш? Барав електрична Фиат панда од Крагуевац“.

Кога ќе му нацртаат панда, Вучиќ вози покрај националниот стадион кој неодамна почна да се гради, потоа преку мостот, покрај фабриките и ЕКСПО, Белград на вода.

Вредно работиме и Србија ја градиме!“ вели Вучиќ на крајот, а потоа се појавува пораката „Ќе продолжи“.

@jasamaleksandar A sada na posao! Zar sve moram sam?! 🤨 #jasamaleksandar #srbija🇷🇸 ♬ original sound – Ja sam Aleksandar

Социјалните мрежи експлодираа од коментари. „Колку што се сеќавам, тој карикатурист на крајот, во најголем дел, паѓа во бездна… само кажувам“, напишал еден корисник, додека друг додал: „Ги прашувам оние што го разбираат овој вид на визуелна продукција да се направи пародија на овој видео клип, La Linea со сите негови лаги, значи, итно е, фала.

Слични содржини