🎥 Вучиќ: Сите ќе се оградат од студентските блокади, како и ректорот Ѓокиќ

од Љубиша Владимиров
918 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека очекува наскоро сите претставници на опозицијата да се оградат од студентите кои учествуваат во блокадите, како што, според него, денеска го сторил и ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ. За време на посетата на паркот Пионер, каде што на студентите им подели велигденски јајца, рече дека на состанок во Управата за криминалистичка полиција во Белград, Ѓокиќ целата вина ја префрлил врз студентите.

„Сите ќе се откажат од студентите што ги блокираат, како што тоа денеска го направи ректорот Ѓокиќ. Страшно е како биле малтретирани, страшно“, изјави Вучиќ.

Тој ги пофали студентите кои, како што рече, останале доследни на својата желба за учење.

„А вие, студенти што сакате да учите, со вашето однесување во најтешките моменти се истакнавте како најхрабрите, како најпаметното нешто што го имаме“, додаде претседателот.

Слични содржини