🎥Арсовска: Инспектор од МВР кој беше фатен како прави див приклучок, ја нападна советничката Витина пред негови колеги

од Nikola Popovski
760 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави видео од последниот случај како е откриен див приклучок на вода во една од скопските општини.  Според Арсовска, секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци од кои си наводнуваат цели ниви, приклучоци на дивоградби, на полнење базени, истите ни денар не плаќаат затоа нерационално трошат бидејќи ја добиваат за џабе, а МВР не постапува.

Арсовска обвинува дека, како што вели, „мафијашите мислат дека можат да прават што сакаат и ќе си поминат неказнето“.

„На последниот случај на фатен како прави див приклучок сторител беше извесен инспектор од МВР наречен Бујо, кој во бес дека се фатени сред дело, физички ја нападна советничката во град Скопје Ирена Витина пред очите на неговите колеги од МВР кои не реагираа на нападот, иако истиот беше пред 10 сведоци и целиот настан е снимен од почеток до крај“, стои меѓу другото во објавата на градоначалничката.

Пред неколку дена, Инспекторатот на Град Скопје денеска фати див приклучок на вода во Општина Сарај. Станува збор за лице кое незаконски се приклучило на мрежата за питка вода за да си ги наводнува пластениците на неколку илјади метри квадратни.

„Поради случаи како овој не само што се оштетуваат граѓаните кои се соочени со намален притисок во урбаните и руралните средини и со недостиг на вода, туку и се избегнува плаќање вода од илјадници евра, оштетувајќи го и ЈП ‘Водовод и канализација’“, соопшти тогаш Арсовска.

Согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода, констатирана е енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови. Конкретно во јуни, дневната потрошувачка на вода во одредени денови изнесувала рекордни 356.000 кубни метри, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител.

Слични содржини