Раководството на Хетафе побара од судијата на вчерашниот натпревар со Реал Мадрид да вклучи „инцидент“ во својот извештај, кој доби публицитет откако видео снимки почнаа да кружат на социјалните мрежи. Во нив, се чини дека ѕвездата на „белите“ Џад Белингам го изговара зборот „силувач“ кон Мејсон Гринвуд.
Талентот на Манчестер Јунајтед беше позајмен на Хетафе во текот на летото, откако клубот одлучи дека крилниот напаѓач повеќе нема да игра за „црвените ѓаволи“. Гринвуд претходно немаше играно за Англија од јануари 2022 година. Тој беше уапсен и потоа обвинет за обид за силување, контролирање и принудно однесување и напад на неговата девојка.
Меѓутоа, во февруари минатата година, обвиненијата против него беа отфрлени по откажувањето на клучниот сведок во случајот – самата негова девојка Хариет Робсон.
JUDE BELLINGHAM literally called MASON GREENWOOD a RAp!st
This is very unprofessional ❌❌❌ pic.twitter.com/2McfEO3apP— Krusz UTD (@kruszmartins) February 2, 2024
Доколку инцидентот биде вклучен во извештајот, тогаш играчот од средниот ред на Англија би можел да се соочи со дисциплинска постапка.
Сепак, ќе биде тешко да се докаже што точно изјави играчот на Реал Мадрид, со оглед на тоа што нема аудио снимка, а може само да се погоди што артикулирал Белингам.