🎥Диви свињи се симнаа меѓу куќите во населбата Водно, дел од граѓаните бараат да не им се остава храна

Дел од граѓаните забележуваат дека поради недостиг од храна и исечена шума, свињите се симнале од планината меѓу урбаниот дел од населбата и бараат да не се пустоши Водно

од Nikola Popovski
104 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Goce Burzevski

Необична глетка на Божиќ ги вознемири дел од граѓаните во Скопје. На социјалните мрежи се појави снимка на три диви свињи како се симнале од планината и шетаат меѓу куќи низ улицата „Питу Гули“ во населбата Водно.

Авторот на видеото објави дека свињите ги здогледал околу 19:30 часот, спроти маркетот „Тинекс“.

Во коментарите под видеото, дел од граѓаните велат дека се загрижени поради тоа што свињите се движат на една од најпрометните улици во населбата, па стравуваат за нивната реакција доколку се соочат со луѓе. Бараат да не им се остава храна.

Друга група на граѓани забележуваат дека поради недостиг од храна и исечена шума, свињите се симнале од планината меѓу урбаниот дел од населбата и бараат да не се пустоши Водно.

Се очекува реакција од надлежните служби.