Њујоршката полиција конечно стави крај на возачот кој во стилот на Џејмс Бонд со години успешно избегнуваше да плаќа патарина.
Возачот на БМВ, Леквинси Андерсон, бил приведен во петокот откако поминал на патарина на мостот Џорџ Вашингтон. Кога поминал покрај рампата, полицијата видела дека неговата регистарска табличка воопшто не се гледа, пишува NewYorkPost.
Полицијата тогаш соопшти дека возачот користел уред за прикривање на регистарски таблички.
Со притискање на копче, возачот ја криел регистарската табличка со капак и на тој начин успешно ги избегнувал камерите.
Полицијата навела дека целата регистарска табличка, вклучувајќи ги и бројките, мора да биде јасно видлива во секое време, а погледот на регистрацијата не смее да биде заматена.
Андерсон имал 292 потврдени неплатени прекршоци и ќе треба да плати скоро 20.000 долари вкупно.
@newjersey1015 A man who accrued nearly 300 unpaid toll violations was arrested after trying to block his license plate while crossing the George Washington Bridge. According to the Port Authority, he now owes the agency close to $20,000 after evading $5,167 in ##newjersey##nj##gwbridge##njnews##newjerseynews##crime##bmw##gardenstate ♬ original sound – New Jersey 101.5
Ова е само еден во низата фатени возачи. Всушност, полицијата неодамна започна голема акција против возачите кои избегнуваат да плаќаат патарина, што доведе до враќање на повеќе од 25 милиони долари неплатени патарини во 2023 година.
Ова претставува зголемување од 14 отсто во однос на претходната година.