Елтон Џон (77) откри дека го изгубил видот откако се борел со тешка инфекција. Легендарниот музичар ја изненади публиката во неделата вечерта кога, додека им се обраќаше на гостите во театарот „Доминион“ во лондонскиот Вест Енд, по хуманитарната изведба на мјузиклот „Ѓаволот носи Прада“, откри дека го изгубил видот.
„Како што некои од вас можеби знаат, имав проблеми и сега го изгубив видот. Не можев да ја гледам изведбата, но уживав додека ја слушав”, им рекол Џон на насобраните, пренесува Би-би-си.
Добитникот на Греми му се заблагодари и на својот сопруг Дејвид Фурниш за големата поддршка во овој тежок период.
„Морам да му се заблагодарам на мојот сопруг, кој ми беше поддршка, бидејќи не можев да дојдам на многу проби. И, морам да кажам, звучеше одлично вечерва! Во ред! Ви благодариме што дојдовте“, рекол Џон.
@aeronjamesuk Elton John and David Furnish’s speeches during the curtain call at the gala performance for the musical The Devil Wears Prada (@The Devil Wears Prada Musical) at @Dominion Theatre in London’s West End! ❤️👠 {pr invite} #vanessawilliams #thedevilwearsprada #devilwearsprada #stagey #curtaincall #westend #londontheatre #theatre #theater #theatretiktok #theatertiktok #musicaltheatre #musicaltheater #eltonjohn #shainataub @Elton John ♬ original sound – Aeron James
Џон ја напиша оригиналната партитура за мјузиклот „The Devil Wears Prada“, во кој главната улога ја толкува номинираната за Тони, Ванеса Вилијамс, како Миранда Пристли. Неделниот хуманитарен настап привлече славна публика, вклучувајќи ја и главната уредничка на Vogue, Ана Винтур, Лили Колинс и Елизабет Харли.
Џон претходно зборуваше за своите проблеми со видот, откривајќи дека останал со „ограничен вид на едното око“ откако претрпел „тешка инфекција на очите“ во текот на летото.
„Исцелувањето е во тек, но тоа е исклучително бавен процес и ќе биде потребно време за да се врати видот на заболеното око“, напиша Џон во тогашната изјава.
Тој дополнително ја објасни својата состојба во интервју со Робин Робертс на „Добро утро Америка“ минатата недела.
„За жал, во јули го изгубив видот на десното око, бидејќи добив инфекција на југот на Франција, а веќе четири месеци не гледав ништо. Моето лево око исто така не е во најдобра состојба, па има надеж и охрабрување дека ќе биде подобро, но засега, за жал, сум во мирување“, рече тој.