🎥Фановите не ме ни познаваат, но ми дадоа поддршка и ќе се обидам да не ги разочарам: Аморим веќе изгради врска со навивачите на Јунајтед

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Португалскиот стручњак Рубен Аморим со победа дебитираше на клупата на Манчестер Јунајтед кога се во прашање натпреварите на „Олд Трафорд“, а пречекот што му го приредија навивачите на англискиот гигант длабоко го трогна поранешниот стратег на Спортинг.

Приврзаниците на „црвените ѓаволи“ го поздравија со овации веднаш штом стапна на тревата на легендарниот стадион, без разлика што во првиот натпревар по преземањето на клубот освои само бод против Ипсвич.

„Никогаш нема да го заборавам она што ми го дадоа навивачите. Знаете, дојдов од Португалија, верувам дека половина од овие луѓе не ме ни познаваат, а ми приредија незаборавен пречек, без разлика што за нив сум никој и ништо“, рече Аморим, а потоа додаде: „Сè уште не сум можел да направам ништо со овој клуб, а тие ми дадоа поддршка. Тоа се големи работи. Ќе дадам се од себе да не ги разочарам и сега имам дополнителна мотивација да работам и нека знаат дека јас сум еден од нив“.

За потсетување, Манчестер Јунајтед во 5. коло од Лига Европа на домашен терен го совлада Бодо Глимт, кој во еден момент дури и поведе со 2:1, но Расмус Хојлунд со два гола успеа да го сврти резултатот.

Слични содржини