🎥Ѓилас заврши во болница, бил нападнат од лица кои лепеле плакати против него

од Nikola Popovski
149 прегледи

Лидерот на српската опозициска Партија на слободата и правдата (СПП), Драган Ѓилас синоќа бил повреден во тепачка што избила откако затекнал лица кои лепат плакати против него.

Ѓилас потоа заминал во Ургентниот центар каде поради помали модринки чекал скенирање на главата, а имал и повреда на скочниот зглоб, пренеле дел српските медиуми.

Ѓорѓе Алексиќ, функционер од таа партија, кој бил со него, исто така е повреден откако бил нападнат по што двајцата побарале помош во Ургентниот центар во Белград.

Ѓорѓе Алексиќ, кој бил со него, добил удари во пределот на грбот и задниот дел од главата, а има и неколку хематоми.

„Драган беше нападнат од овие режимски насилници пред малку кога заедно со Ѓоле и Валентина ги фатија како ги ставаат тие ѕверски плакати против него. Доби неколку удари, Валентина исто, а Ѓоле беше шутиран!“, објавила  потпретседателка на ССП, Мариника Тепиќ на социјалната мрежа „Икс“.

Слични содржини