🎥Гвардиола се појави со лузни по новиот дебакл: Сакав да се повредам

од Nikola Popovski
50 прегледи

Фудбалерите на Манчестер Сити ремизираа со Феенорд (3:3) во петтото коло од Лигата на шампионите и со тоа ја продолжија серијата на шест натпревари без победа во сите натпреварувања. Овие резултати исклучително го погодија Пеп Гвардиола, кој сакал да се повреди по новиот кикс на неговиот тим.

По „шлаканицата“ што ја доби Манчестер Сити од Тотенхем (4:0) во Премиер лигата, неопходно беше будење, но очигледно немаа многу време за тоа. Се чинеше дека сините ја научија лекцијата и се води кон тоа дека по пет натпревари ќе успеат да победат бидејќи до 75. минута имаа големи 3:0, но се случи нова драма.

Од 75. до 89. минута Феенорд израмни, а Пеп Гвардиола со неверување гледаше што прави неговиот тим. Бил толку очаен што се повредил.

По натпреварот, славниот Шпанец се појави пред новинарите со исеченица на носот и гребаници на главата, а кога го прашаа зошто изгледа така, ги остави сите во шок со својот одговор.

„Се исеков со ноктот. Сакав да се повредам“, изјавил Гвардиола.

Тој не можел да го сокрие разочарувањето што неговиот тим нема победа повеќе од еден месец.

„Не можеме да победуваме натпревари. Како тим, секогаш сме наоѓале начин низ годините. Во моментов сме во друга ситуација, ништо не се случува“, изјави Гвардиола.

Нема крај на кошмарот за Сити бидејќи сега се соочува со Ливерпул.

„Не требаше ништо да им кажам – тие одлично го знаат тоа. Ќе биде тешка сезона за нас и мораме да го прифатиме тоа. Мораме да ги подигнеме на Енфилд. Морам да ги подигнам моите играчи. Тоа е моја работа“, изјавил Шпанецот на прашањето што им рекол на играчите.

По натпреварите со Феенорд, Сити стана првиот клуб во историјата на Лигата на шампионите кој загубил три гола предност во последните 15 минути од натпреварот.

Ова е и прв пат Гвардиола да не победи откако неговиот тим имал три гола предност.

Слични содржини