🎥Хаос во Косово – стотици навивачи влетаа на терен и ги нападнаа играчите

од Nikola Popovski
62 прегледи

Второлигашкиот фудбалски натпревар во рамките на Фудбалскиот сојуз на Косово, меѓу Лирија – Велазними заврши неславно. На Фејсбук страницата на локалната емисија „Дуели спортив“ се појави видео од нередите во Призрен, каде претходно вчера голем број навивачи на домашната екипа влетале на теренот и се обиделе да се пресметаат со играчите на гостинскиот клуб.

Се појави и видео кое го прикажува целиот инцидент и кое можете да го погледнете на крајот од текстот.

„Денеска на фудбалски натпревар во Призрен, на кој присуствуваа околу 2.500 фудбалски навивачи, дојде до судир меѓу гледачите. Полицијата интервенирала брзо и ситуацијата била ставена под контрола. Две лица се здобиле со физички повреди. Полицијата отвори кривична постапка за сторено кривично дело „Телесна повреда“. Во врска со инцидентот, полицијата работи на идентификување на лицата вклучени во судирите“, соопштила Косовската полиција.

Слични содржини