🎥И во седмата деценија изгледа како „милион долари“

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Познатата актерка Шерон Стоун се појави на традиционалната церемонија на доделување на наградите „Governors“ во Лос Анџелес.

Оваа престижна награда се доделува на актери кои со својот ангажман ја подобриле филмската индустрија.

Доделувањето на наградата е и место за модни пресметки, а синоќа имавме можност да видиме вистински стилски пресметки меѓу познатите ѕвезди.

Кога станува збор за модата, актерката Шерон Стоун беше вистинска атракција. Тешко беше да се тргне погледот од нејзиното елегантно издание, особено од сребрениот детал на рамото.

Како што можете да видите од видеото, Шерон облекла бел фустан со истакнати прерамки, а брошот во форма на вилинско коњче е вистинско изненадување.

Интересен додаток ја комплетираше оваа едноставна комбинација, а на целиот стајлинг на фаталната актерка му даде шмек на елеганција.

Шерон по којзнае кој пат докажа дека е дама со стил, и дека и најскромните модни парчиња и изгледаат како „милион долари“.

Слични содржини