🎥Јакимовски: Поставив стража да не дојде Соте да се слика и со мене

„Мицко и Соте се во страшен очај. Јас во моментов сум во една кафеана и поставив стража“, му порача Јакимовски на премиерот Мицкоски и кандидатот за градоначалник Лукровски

од Nikola Popovski
42 прегледи Фото: Фејсбук

Градоначалникот на Карпош и кандидат за нов мандат Стевчо Јакимовски синоќа на социјалните мрежи преку видео реагираше на објавената фотогафија каде заедно се кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски и кандидатката на СДСМ која доживеа фијаско, Маја Манолева.

„Очајот нема крај, бурето нема дно. Мицко и Соте се во страшен очај. Јас во моментов сум во една кафеана и поставив стража. Немој случајно да дојде (Лукровски) и со мене да се слика па да кажува дека и од мене има поддршка“ вели Јакимовски во видеото.

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, синоќа на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија со кандидатката за градоначалник за истата општина од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Маја Мојсова-Мијовска, која не влезе во вториот круг.

Еден час по објавата на Лукровски, СДСМ демантираше дека му даваат поддршка на Лукровски во вториот круг.