Градоначалникот на оштина Карпош. Стевче Јакимовски побара од централната власт поголема агилност и помош за разладување на жителите на неговата општина. Јакимовски критикува што второ лето по ред нема базени во Карпош.
-Пред два дена бев кај базенот во Карпош 4, до салата „Партизан“ – заклучен тишина и празнина. Денеска ги проверив Аква паркот и базенот при „Борис Трајковски“ – затворени. Околу нив – трева до колена, отпад насекаде…Има целосна припрема за да садиме компири…Четири и кусур месеци не можат да го наместат кровот на базенот „Борис Трајковски“, кажа меѓу другото Јакимовски во видеото објавено на неговиот официјален профил на социјалните мрежи.
Градоначалникот жали што „карпошани доживеале децата да ги носат на Аква паркот во Пробиштип“. Со оглед на високите тревни површини кај СЦ „Борис Трајковски“, Јакимовски посочува дека „уште само фалат мајмуни да рипааат од внатре“.
-Карпош заслужува базени и спортски објекти, а не запуштени споменици на вашата неспособност, стои во објавата на Фејсбук на градоначалникот.