🎥Кер има порака за Трамп: „Според зборовите на големиот Стеф Кари – добра ноќ“

од Vladimir Zorba
47 прегледи

На Демократската национална конвенција во Чикаго, Стив Кер, познатиот американски кошаркарски тренер, ја поддржа Камала Харис, демократската кандидатка за претседател на САД и во таа прилика му се обрати на Доналд Трамп.

Стив Кер беше гостин говорник на Демократската национална конвенција. Зборувајќи за републиканскиот кандидат Доналд Трамп, Кер се осврна на зборовите и гестот на ѕвездата на неговиот тим Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, кога рече дека Камала Харис и нејзиниот потенцијален кандидат, Тим Волс, ќе му кажат на Трамп дека е време за спиење.

„Откако ќе се пресметаат резултатите таа вечер, можеме, според зборовите на големиот Стеф Кари, да му кажеме на Доналд Трамп… добра ноќ!“

Селекторот на американскиот кошаркарски „дрим тим“ изјави дека на Олимписките игри во Париз водел одлична репрезентација составена од играчи од цел САД и дека кога го освоиле златото, со американското знаме и химната , тоа бил најгордиот момент во неговиот живот.

„Добро знам дека зборувањето за политика во денешно време носи ризици, но знам како американски граѓанин дека е премногу важно да не се молчи за избори кои се толку клучни. Лидерите мора да имаат достоинство, да ја кажуваат вистината, да можат да се смеат на себе, да се грижат и да ги сакаат луѓето што ги водат“, рече тој, додавајќи дека Камала Харис и потенцијалниот демократски потпретседател Тим Волс ги имаат овие квалитети.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден се обрати пред учесниците на Демократската национална конвенција во Чикаго, каде треба да се официјализира кандидатурата на Камала Харис за претседателската функција. Неговиот говор се одржа доста доцна, а тој беше забележително вознемирен, па во одредени моменти дури и ронеше солзи.

Слични содржини