🎥Киеран Калкин го „пецна“ Педро Паскал и направи шоу на Златните глобуси

од Nikola Popovski
303 прегледи

Серијата „Succession“ однесе најмногу Златни глобуси во ТВ категории, освојувајќи четири водечки награди по својата четврта и последна сезона.

Серијата беше прогласена за најдобра, Киеран Калкин, кој го играше Роман Рој, беше прогласен за најдобар главен ТВ актер, а неговата колешка Сара Снук беше прогласена за најдобра главна ТВ актерка. Метју Мекфадиен победи за најдобра споредна машка улога во ТВ драма.

Калкин, добивајќи го Златниот глобус, призна дека не го очекувал, дека не подготвил што ќе каже, „така што ќе говори се што ќе му излезе на памет“, па се пошегувал со својот колега:

„Плачи, Педро“, ги насмеал Калкин сите присутни. Инаку, серијата „Last of U, која исто така беше номинирана во неколку категории, а од која се очекуваше многу, не доби награди. Паскал го привлече вниманието на присутните бидејќи на црвениот тепих дојде со преврзана рака.

Во својот говор, Калкин потсети дека бил номиниран за Златен глобус пред 20 години и дека мислел дека „неговиот момент помина“:

-Се сеќавам дека мислев, никогаш нема да се вратам во оваа соба. Но, благодарение на „Succesion“ бев неколку пати. Наградата не е само моја, таа е за целиот тим. Сакам да им се заблагодарам на три неверојатни жени во мојот живот: на мојата менаџерка, без која немаше да имам кариера, на мојата сопруга Џез, што го поднесуваше сето ова и сè што доаѓа со тоа, и на мојата прекрасна мајка, рече Калкин, пренесува „Variety“.

Тој бил во конкуренција со Брајан Кокс („Succesion), Доминик Вест („The Crown“), Гери Олдман („Slow Horses“), Паскал („Last of Us“) и Џереми Стронг („Succesion“).

Актерот го толкуваше Роман Рој во серијата на HBO, која во својата последна сезона го прикажува расплетот на паметниот, остроумен член на семејството Рој, кој по загубата на својот татко добил задача привремено да го води семејниот бизнис.

„The Succesion“ беше номиниран во девет категории, а покрај Калкин, Сара Снук го понесе Златниот глобус за најдобра актерка во ТВ драма.

Сара веќе ја доби оваа награда во 2021 година за истата улога, но се водеше како споредна женска улога. Овој пат, по нејзината доминантна и моќна улога во последните епизоди од оваа драма, таа влезе во главната категорија.

Слични содржини