„Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар. Поворката стигна пред Собранието каде што побара од пратениците да ги напуштат функциите и да се појават пред и да им одговарат на неколку прашања. Побараа барем едно шише вода, веќе кога, рекоа, не сакале да ги удостојат со нивното присуство пред Собранието.
-Има ли некој да ни каже нешто, да ни објасни? Каква е оваа држава, праша еден од присутните родители.
„Системот убива, институциите молчат“, „Корупцијата убива побрзо од оган“, стои на дел од транспарентите.
-Ова е убиство во име на парата. Не ние да влегуваме, они нека излезат, изјави друг родител чие дете настрада во дискотеката „Пулс“.
Колку за потсетување, во Собранието се одржува седницата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски поднесена од пратеничката група на Левица.
Јавното обвинителство покани на средба на претставници на семејствата, кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка. Дел од нив влегоа во зградата на ЈО на средба со обвинителот Љупчо Коцевски.