Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави видео од невремето што викендов го зафати Скопје, при што може да се забележи како одлетува покрив од една зграда во општина Чаир. Арсовска ги обвинува локалните власти за состојбата со, како што вели, дивоградбите.
-Молчат пред криминалциве од Чаир, не смеат да им писнат, ги бранат со живот, им дозволуваат да мислат дека со моќ и пари може сѐ да купат и да продолжат со криминалите како да е сѐ ова нормално. За разлика од сите останати чесни луѓе, овие градат висококатници без безбедносни стандарди, без статика, без проекти, без да платат комуналии и даноци.
Тој ден кога нема да може да го кријат и премолчат повеќе овој криминал, веќе ќе биде предоцна, стои во објавата на Арсовска на социјалните мрежи.
Пред два дена на бројот за итни повици 112 беа пријавени паднати дрвја, оштетени моторни возила, скинати кабли на ЕВН, настрешници и кровови, како и други материјални оштетувања на приватна сопственост.