🎥Лоша слика за туристите: Фекалии од канализација директно во Охридското Езеро

од Nikola Popovski
155 прегледи

Канализацискиот систем во Охрид е изграден во 2013 година, а водите на Охридското Езеро и понатаму се загадуваат со отпадните води од фекалната канализација. Барем тоа може да се види од видеата на социјалните мрежи.

Преку апел, се бара интервенција од градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид.

„Морам да ве прашам, кога овај децениски проблем ќе е ставен на дневен ред. Ова стана редовна слика скоро секој втор или трет ден, не само за туристите, ама и за нас шо секојдневно би требало да живееме нормален живот. Ова е КАНАЛИЗАЦИЈА, секојдневно фотографирана од гостите“, стои во јавната објава.

Ваквите постапки претставуваат закана за богатата флора и фауна во езерото. Чистотата и високиот квалитет на водата во Охридското Езеро лесно може да биде изменета поради ваквата негрижа.