🎥Мекланг прескокнa автомобил и влезе во историјата на Ол-Стар

од Vladimir Zorba
14 прегледи

НБА Ол-стар натпреварот започна и тоа на спектакуларен начин.

Кошаркарот на Орландо, Мек Мекланг испиша историја во Сан Франциско и ја забележа третата последователна победа на Ол-стар натпреварувањето во забивање.

Ѕвездата на Џи лигата приреди фантастично шоу и доби совршени оценки за сите четири забивања, со што стигна до третата последователна победа во забивање.

Пред него три пати победил само Нејт Робинсон (2006, 2009 и 2010 година).

МекКланг го направи првото забивање над автомобил, а последното над Еван Мобли кој ја држеше топката зад главата.

Мекланг го остави зад себе Стефон Кесл од Сан Антонио, а во првото коло натпреварувањето заврши за Матс Бузелис од Чикаго и Андре Џексон.

Победници на натпреварот за вештини се кошаркарите на Кливленд, Донован Мичел и Еван Мобли.

Дуото Кавс прво ги победи Закари Ричарлисон и Алекс Сар, а потоа Дрејмонд Грин и Мозес Муди. Мичел и Мобли го комплетираа полигонот за една минута.

Натпреварот го одбележа и дисквалификацијата на Крис Пол и Виктор Вембањама, членови на Сан Антонио, поради прекршување на правилата, што се случи за прв пат во историјата.

Слични содржини