Косовскиот премиер Албин Курти со државна церемонија го пречека својот македонски колега премиерот Христијан Мицкоски.
Двајцата премиери продефилираа пред припадниците на гардата на Косовските безбедносни сили додека се интонираа химните, по што во моментов одржуваат тет-а-тет средба.
Мицкоски е придружуван од поголемиот дел од министрите на Владата. Членовите на двете влади имаа и заедничка фотографија пред закажаните состаноци.
На дневен ред на денешната заедничка седница на двете влади е потпишувањето на повеќе билатерални договори од областа на трговијата, инфраструктурата, образованието и регионалната безбедност.
Околу 13 часот и 45 минути ќе се одржи прес-конференција на која премиерите Мицкоски и Курти со јавноста ќе ги споделат резултатите и обврските преземени од денешната меѓувладина седница.