🎥Најбизарниот црвен картон во историјата на фудбалот: Се обиде да го удри противникот со топка, а потоа цел стадион му се смееше

од Nikola Popovski
230 прегледи

Фудбалскиот клуб Аталанта беше елиминиран од Лигата на шампионите по поразот од Клуб Бриж (вкупно 5:2), но натпреварот го одбележа несекојдневен инцидент во кој учествуваше капитенот Рафаел Толои.

Италијанскиот дефанзивец се обиде да ја фрли топката кон својот ривал кон крајот на мечот, но се лизна и падна, што наиде на потсмев од публиката.

Следствено на настаните, тој го нападна играчот на Бриж, Максим Де Кујпер, за што судијата Феликс Цвајер му додели директен црвен картон.

Бриж веќе имаше огромно водство од 3:0 во првото полувреме, а Аталанта не успеа да се врати во мечот, иако Адемола Лукман го намали резултатот.

Подоцна голманот Симон Мињоле му го одбрани пеналот на Лукман и го обезбеди пласманот на белгискиот тим во осминафиналето.

Слични содржини