Џоел Ембид, кошаркарот на Филаделфија, беше исфрлен од мечот со Сан Антонио (Сиксерси победија со 111:106) откако ја нападна судијката Џенифер Шредер, бидејќи не беше задоволен од нејзината одлука да му досуди офанзивен фаул.
Судијката му ја покажа првата, а потоа и втората техничка грешка, а со тоа и патот кон соблекувалната.
Ембид потоа и се внесе во лице, по што соиграчите мораа да реагираат и да го оддалечат од неа, бидејќи во еден момент се чинеше дека може да дојде до физички конфликт.
Ова е втор пат центарот на 76-ерс да биде суспендиран од натпревар во НБА, а сега се чека со каква казна ќе се соочи за овој инцидент.
Joel Embiid has been ejected for the second time in his career. pic.twitter.com/4ziLzv7S3V
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) December 24, 2024