🎥Насилникот кој се изживуваше врз две мали кучиња живее во Данска, од „Анима мунди“ бараат најстрога одговорност

од Nikola Popovski
108 прегледи

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ бара најстрога и кривична одговорност за лицето кое, од чиста забава, пред малолетни деца, безмилосно фрла 2 мали кучиња во река, прикажувајќи го целиот акт како забава во живо на социјалните мрежи.

Според здружението, лицето Б.В. со веќе пријавен идентитет во полиција, живее во Данска. Бараат да одговора најстрого, согласно Кривичен закон и биде пример кој не смее никогаш да не се повтори и помине неказнето.

-Знае ли како за вакво дело би завршил во Данска? Негова голема среќа е што делото го направил овде, а не во Данска каде што дека не би излегол години од затвор и би добил трајна забрана за чување на животно, стои во објавата на „Анима Мунди“.

Од Здружението се обраќаат и до МВР и министерот Панче Тошковски со барање за итни измени на Кривичниот закон и засилување на казните, како и внес на дополнителни прецизни одредби.

Слични содржини