🎥„Независни за Карпош“ алармира за излевање на канализација во Нерези и ја обвинува општината за проблемот

„Општината упорно издава одобренија за градби како рурален дел, со урбанистички проекти, не земајќи во предвид дека водоснабдувањето и канализацијата се нерешени во овој дел“, велат од граѓанската иницијатива

од Nikola Popovski
24 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ алармира за сериозен проблем со канализацијата во Горно Нерези, каде прекината или недоизведена цевка доведува до отворен излив кој ја загадува околината.  Од „Независни за Карпош“ сметаат дека до овие ситуации и излевања на канализацијата доаѓаат по, како што велат, упорното издавање на одобренија за градби во руралните делови, како што е Горно Нерези, каде се уште не се решени инфраструктурните проблеми како водоснабдување и канализација.

„Ова е прекината или недоизведена цевка за канализација во падините на Горно Нерези. Општината упорно издава одобренија за градби како рурален дел, со урбанистички проекти, не земајќи во предвид дека водоснабдувањето и канализацијата се нерешени во овој дел.

Така доаѓаме до оваа слика на отворен излив на канализација, делот над Вила Ина кој интензивно ја загадува околината.

На неколку наши барања за приоритет на изведба и решавање на канализација и водоснабдување за Горно Нерези, немаме одговор. Со темпото со кое во минатиот период се издадени одобренија за градба во тој дел, а без никаква инспекциска контрола, ова е редовна слика и на други делови“, стои во објавата на „Независни за Карпош“.