Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати видео порака до претседателот на Србија, Александар Вучиќ и во обраќањето снимено на видиковец над Дунав, истакна дека „српските патриоти“ можат да сметаат на „унгарските патриоти“.
„Почитуван Александар! Почитувани српски патриоти! Поздрав од Будимпешта. Со месеци следиме што се случува во Србија. Странските сили се обидуваат да се мешаат во животот на Србите. Ова се случува и овде. Странските сили сакаат да им кажат на Србите како треба да живеат. Постојано ги напаѓаат оние кои се залагаат за суверенитет на Србија“, истакнува Орбан и продолжува:
„И затоа не напаѓаат. Гледаме дека не се предавате, гледаме дека храбро се борите затоа што сакате суверена Србија. Вие не сте сами, вашата борба е наша борба. Српските патриоти можат да сметаат на унгарските патриоти. Да живее претседателот Вучиќ, да живее Србија“, рекол Орбан.
🇷🇸🇭🇺 @PM_ViktorOrban: Стране силе хоће да кажу Србима како да живе!
„Драги Александре! Драге српске патриоте! Поздрављам вас из Будимпеште. Већ месецима пратимо шта се дешава у Србији. Стране силе покушавају да се умешају у животе Срба. Ово се дешава и код нас. Стране силе хоће… pic.twitter.com/3ibEl8uNMh
— Народни непријатељ 🇷🇸 (@PrijateljNaroda) April 10, 2025
Да додадеме дека Вучиќ вчера на Инстаграм ги повика студентите „да се вратат во своите амфитеатри, во предавалците да учат и работат“ и порача дека секој „што зборува за насилство“ ќе одговара. На студентите им прекорува што на нивните пленуми, каде што носат одлуки за протести и блокади, зборуваат и за извршување на „тешки кривични дела“, а медиумите кои не се наклонети на власта ги обвинува дека повикуваат на насилство.
Вучиќ ги покани своите приврзаници на голем собир во Белград во сабота на 12 април, со кој се обидува да се спротивстави на мирниот масовен протест на 15 март, на кој на покана на студентите во Белград се собраа меѓу 200 и 300 илјади луѓе. Полицијата проценила дека имало над 100.000. Собирот беше прекинат под неразјаснети околности, а демонстрантите тврдат дека властите употребиле звучен топ за да ги растераат демонстрантите.