Повеќе од 50 автомобили се уништени во пожар што избувна на паркингот на фабриката на компанијата Rivian во Нормалa, Илиноис минатиот викенд.
Пожарникарите околу 21 часот и 45 минути добиле дојава за пожар, а на видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како огромен пламен се издига до височина, како и густ црн чад.
По гаснењето на пожарот било констатирано дека учествувале вкупно 57 автомобили, од кои повеќето целосно изгореле. Станува збор за моделите Rivian R1S и R1T.
Самата фабрика не е оштетена, а нема повредени, потврди Кели Фелкер, портпарол на компанијата.
Исто така, плановите за идните модели R2 и R3 нема да се променат и покрај инцидентот.
Да потсетиме, во јули имаше случај кога во Хјустон се запалија комбиња Rivian во сопственост на Amazon. Еден од нив бил приклучен на полначот, но не се полнел. Тогаш компанијата објави дека батеријата не е причина за пожарот.
Rivian произведува електрични возила, а фокусот е на моделите R1S и R1T. Главната фабрика се наоѓа во Нормала, Илиноис, каде што се случи последниот пожар.